Warning: "continue" targeting switch is equivalent to "break". Did you mean to use "continue 2"? in /home/cickostoilko/public_html/blimed.mk/wp-content/plugins/essential-grid/includes/item-skin.class.php on line 1231
ЦЕНТРИФУГАЛНИ ПУМПИ | Блимед - производство, монтажа и сервис на пумпи

ЦЕНТРИФУГАЛНИ ПУМПИ

ВЦБ пумпата најчесто се применува за снабдување со чиста вода, самостојно или во систем како пумпна сатница во станбени објекти и слично. Во индустријата погодна е за транспорт на деминерализирана вода, ретки масла и разни хемиски неутрални раствори со вискозност слична на водата.
ХЦБ специјална изведба и за транспорт на киселини како раствор на солана киселина,натриум хидроксид.Овие пумпи се прилагодуваат на конкретно барање.Избор на материјал за пумпите се прилагодува спрема флуидот кој се транспортира.

ВЦБ 2 е вертикална повеќестепена, центрифугална пумпа со редно поставени ротори. Дизајнот на пумпата е усовршен на основа на постигнатата материјална комбинации од висококвалитетен челик,сив лив, специјална пластика и тефлон. При тоа е добиен компактен електро-пумпен агрегат со мали димензии и тежина, кој лесно се вградува во мали простори и едноставен е за одржување. Заптивањето по осовина е изведено со механички заптивач согласно стандардот ДИН 24960. Пумпата се одликува со тивка работа, висок енергетски степен на искористување и сигурност во работата..

ПОГОН
Пумпата е директно споена со Електро мотор, усогласен со ИЕЦ и ДИН – ЕН – ВДЕ стандарди: Заштита: ИП 54, ИП 55, ИП 56 Изолација: класа Ф Напон: 380В / 220 В фреквенција: 50Хз / 60 Хз Изведба: облик Б5.