Warning: "continue" targeting switch is equivalent to "break". Did you mean to use "continue 2"? in /home/cickostoilko/public_html/blimed.mk/wp-content/plugins/essential-grid/includes/item-skin.class.php on line 1231
ПОТОПНИ ПУМПИ | Блимед - производство, монтажа и сервис на пумпи

ПОТОПНИ ПУМПИ

Повеќестепена центрифугална пумпа со радијални ротори, која директно е поврзана со потопен електричен мотор (монофазен или трофазен). Хидрауличниот дел на пумпата е изработен од пластика, а останатите делови од прохромски челик.

Пумпата има самоподмачкувачки лежишта. Неповратен вентил е вграден на потисната страна.
Пумпата од типот ПЦБ2 може да се инсталира во бушотина со дијаметар не поголем од 4” (100 мм), и се спушта со цевки се додека комплетно не се потопи (1 еден метар под минималното ниво на вода).

На посебни барања на странката и согласно условите на терен во пумпниот систем може да се вгради дополнителна опрема за автоматска работа на пумпата и нејзина заштита од работа на суво т.е. автоматика со хидромат или со хидрофорски сад и ниво сонди.