БЛИМЕД ДОО Скопје е формиран во 1995 година, а потоа и пререгистрирана согласно законот за трговски друштва со 100% приватен капитал.
Основна дејност е: проектирање, производство, монтажа и сервис на пумпи, пумпни станици и технолошки линии за водоснабдување,прочистување на отпадни води и фекалии, технолошки линии за преработка на кондиторски производи во прехрамбената индустрија, петрохемиската индустрија, агроиндустрија и енергетски постројки.
При ова се третираат ретки флуиди како вода, млеко, киселини но и транспорт на вискозни флуиди уља, масла, мазут како и јогурт, мед, кечап, мајонез и слично. Опременоста и повеќеегодишното искуство ни даваат можност за проектирање и изработка на машински делови и склопови по барање на клиентите.
Деловите и склоповите се изработуваат по систем копмплетна репарација и изработка на техничка документација или по техничка документација на клиентите. За вака изработените делови и склопови издаваме и соодветна гаранција.
Вработени
БЛИМЕД д.о.о. Скопје е мало претпријатие со 5 вработени лица кои со своето знаење и искуство се гаранција за понатамошен успешен развој.
Искуство
Во текот на нашиот развој успеавме дел од сопствените идеи да ги реализираме во производи како сопствен производен програм. Зголемен е и производниот програм, при тоа зголемувајќи го производниот потенцијал со проширување на сопствените капацитети и нивото на технолошките можности.