Спиралните пумпи од типот ЦС, наменети се за преточување- префрлање на ретки течности како пресно млеко, киселини во вода во прехрамбената и петрохемиската индустрија како и во системи за водоснабдување и прочистување на отпадните води со незначителни цврсти честички. Нивна основна карактеристика се едноставна и збиена конструкција која може да се смести во мал простор. Обезбедуваат голем капацитет и притисок за префрлање на ретки флуиди чија вискозност е блиску до водата. Можни изведби во однос на употребените материјали се челик прохром или пластика ПВЦ, полиетилен или полипропилен, а во специјални изведби и тефлон. Спрема конструктивната изведба изработени се со соодветен механички заптивач со притисок од 0,8- 2 (бар). Капацитетите се во три категории на пумпи и тоа со капацитет од ЦС2 2-5 (м3/час) потоа ЦС5 5-7 (м3/час) и ЦС15 до 16 (м3/час).