Warning: "continue" targeting switch is equivalent to "break". Did you mean to use "continue 2"? in /home/cickostoilko/public_html/blimed.mk/wp-content/plugins/essential-grid/includes/item-skin.class.php on line 1231
ЕДНОВРЕТЕНИ ПУМПИ | Блимед - производство, монтажа и сервис на пумпи

ЕДНОВРЕТЕНИ ПУМПИ

Хоризонталната пумпа од типот BH,наменета е за транспорт на многу вискозни флуиди и флуиди кои можат да кристализираат. Флуидот дополнително се загрева со помош на пареа која се доведува до комората која е поставена околу телото на пумпата.Приклучоците се прилагодуваат согласно постоечката ситуација.

 

 


Хоризонталната пумпа од типот BM, има компактна конструкција и директно е поврзана со погонот (електро мотор, редуктор или варијатор). Прикладна е како мобилен или пренослив пумпен агрегат. Најчесто се употребува во прехрамбената индустрија за транспорт на млеко, јогурт, кечап, мајонез, овошни сокови, квасец, пивски сладови, кремови и сл.

 

 


Хоризонталната пумпа од типот BR, се користи за транспорт на пастозни флуиди и флуиди кои имаат мало својство на течење и содржат во себе цврсти честици или влакнести материи. Се применува во прехрамбена индустријата во процесите за преработка на овошје, зеленчук, при прием на грозје и сл. Телото на пумпата на всис има поголема димензија со правоаголна форма, а дополнителната шнека овозможува проток на флуидот кон роторот и статорот.

 


Вертикалната пумпа од типот BV, наменета е за извлекување на вискозни флуиди од буриња и резервоари како во хемиската индустрија, индустријата за бои и лакови така и во прехрамбената индустрија.


Агрегатот има едноставна конструкција, и лесен е за ракување и одржување.

 


ПРЕДНОСТИ

Едновретените пумпи бележат многу позитивни карактеристики во текот на својата работа и одржување. Прилагодливи се за транспорт на разни флуиди од бистри и вискозни течности до пастозни материи. Наоѓа широка примена во повеќе индустриски гранки како во прехрамбена, хемиска, пертохемиска индустрија, така и во градежништво и рударство. Пумпата обезбедува мирна и стабилна работа, со континуиран проток без пулсации кој се менува во зависност од бројот на вртежите. Има висок степен на ефикасност. Поседува можност за транспорт на флуидот во два смера т.е. реверзибилно. Има едноставна конструкција која овозможува лесна монтажа и одржување. Поседува својство на самовсисување, несмее да работи без флуид.